во ,

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 11 НОЕМВРИ: Девиците имаат убава средба со симпатија, Бикот лесно се согласува со партнер

Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.

Астролог Олга Савиќ

ОВЕН

Ви пречат туѓите грешки и пропусти, но се трудите да ја обуздате својата критичност и потребата да им „држите лекции“ на сите околу себе. Сакате да се усогласите со соработниците, но тоа е тешка задача. Нежност, романтика и страст ќе го обележат состанокот со партнерот.

БИК

Денес некои ситуации можете да ги свртите во своја корист. Се трудите да ги разберете мотивите и однесувањата на оние околу вас и да остварите добар контакт со нив. Со саканата личност имате комуникација која ви одговара – лесно се договарате и се разбирате.

БЛИЗНАЦИ

Потрудете се да бидете фокусирани околу сè што е поврзано со работата, бидејќи може да ви се провлечат грешки кои во наредните денови ќе излезат на виделина. Проверете се себеси во сè што работите. Саканата личност се труди околу вас и нејзиното однесување многу ви годи.

РАК

Ви пречи однесувањето на некои колеги или деловни соработници. Се трудите да го скриете своето незадоволство, но тоа ќе биде тешка задача за вас. Со саканата личност денес помалку зборувајте, а повеќе чувствувајте, сакајте и почитувајте се еден со друг.

ЛАВ

Вие сметате дека им излегувате во пресрет на другите и дека се трудите да се прилагодите, и не ви е јасно зошто ве критикуваат. Би сакале да промените нешто во односот со саканата личност, но што и да се обидете – не испаѓа баш според вашите замисли.

ДЕВИЦА

Денес сте малку помирни, постабилни и полесно ќе биде да функционирате по деловните прашања. Додуша, ви стојат некои приватни обврски како оптоварување и „материјал“ за размислување. Многу интензивен и убав состанок со емотивниот партнер.

ВАГА

Малку сте загрижени колку луѓето со кои сте се договарале ќе го испочитуваат тој договор. Иако сè на прв поглед изгледа ветувачки и оди по некој фин тек, вам интуицијата ви вели дека тука ќе има тешкотии. Односот со емотивниот партнер функционира складно и мирно.

ШКОРПИЈА

Малку ве мачат ситуациите поврзани со финансиите, но сè останато функционира повеќе од добро. Се трудите и резултатите од тој труд се гледаат. Денес можете да уживате во мирни, опуштени и складни односи со саканата личност. За слободните, можност за значаен состанок.

СТРЕЛЕЦ

Многу работи ви го одвлекуваат вниманието, без разлика дали се во прашање приватни обврски или членови на семејството на кои сте им неопходни токму кога сте во најголема гужва. Една личност многу ве привлекува, но од некоја причина се воздржувате или се кочите да го направите првиот чекор.

ЈАРЕЦ

Силно сте го насочиле своето внимание на она што ви е од големо значење, а сте потиснале некои обврски во втор план. Само гледајте да не се натрупаат, бидејќи подоцна ќе биде тешко да ги решите. Партнерот денес ви го посветува своето целосно внимание и поддршка.

ВОДОЛИЈА

Во деловниот сегмент денес сè се одвива според редот и распоредот што вам ви одговара. Додуша, имате некои нерешени ситуации со надредениот, но тоа го оставате „за друг пат“. Присуството на саканата личност ве смирува и ви носи насмевка на лицето.

РИБИ

Добро расположение и елан, но мислите по малку ви лутаат. Денот е добар за креативност, за нови идеи и решенија. Сè за што ви е потребна голема концентрација ќе го оставите за друг пат. Интензивни, прекрасни љубовни моменти со партнерот.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Временска прогноза: Стабилно и сончево, но наутро температурите ќе одат под нулата

ТУЖБА ТЕШКА 1 МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ: Трамп бара отштета, повлекување на филмот и јавно извинување од Би-Би-Си