
Додека популарниот италијански метеоролошки портал „iLMeteo“ најавува дека поларниот вител ќе се „скрши“ и ќе донесе „епизоди на интензивен студ“ во Европа веќе во декември, другите метеоролози велат: „Нема шанси!“
Италијанските метеоролози ја разбрануваа јавноста со прогнозата дека поларниот вител, кој се формира над Арктикот, покажува знаци на „ранливост“. Според нивното сценарио, тој би можел да се подели на два или повеќе дела, што би овозможило студениот воздух „заробен“ на Северниот пол да се спушти кон пониските географски широчини, вклучително и низ цела Европа.
Повеќе од само студ – два спротивставени табори
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Наспроти оваа драматична најава, другите долгорочни прогнози се многу поскептични. Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF) сигнализира токму спротивното – дека во наредните четири недели нè очекуваат температури кои ќе бидат *позитивни*, односно над просекот за овој период од годината.
Како што заклучува „Слободна Далмација“, се чини дека ноември сè уште нема да го оправда својот епитет. „Сериозна зима на прогностичките карти, барем засега, нема на vidikot, а сè друго… е во сферата на фантазијата“, пишува весникот.


