
Дождливи попладниња и утринска магла во котлините
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска нè очекува променливо време со услови за локални врнежи, особено во попладневните часови. Во утринските часови по одделни котлини има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието ќе биде нешто поизразен.
Слична е прогнозата и за главниот град. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со можност за повремен дожд во попладневните часови и слаб до умерен југоисточен ветер. И покрај врнежите, дневните температури ќе останат релативно високи, додека утринските се движат од неколку степени над нулата до околу 10 степени.
Затоплување и силен ветер над 60 км/ч од среда
Променливото време со локални врнежи ќе се задржи и во наредните денови, но од понеделник следува постепен пораст на температурите. Метеоролозите најавуваат дека тие повторно ќе бидат значително над просекот за средината на ноември, донесувајќи невообичаено топло време.
Покрај затоплувањето, од почетокот на следната седмица се очекува и засилување на јужниот ветер. Ситуацијата ќе кулминира од среда, кога ветерот повремено ќе биде доста силен, особено во западните делови од земјава.
„Од почетокот на следната седмица јужниот ветер ќе биде умерен до засилен, а од среда повремено ќе достигнува и брзина над 60 километри на час, особено во западните делови од земјава.“
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден







