во

Временска прогноза за денеска: Променливо облачно време со сончеви периоди и дневни температури до 15 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, додека во попладневните часови и во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините слаб снег.

Метеоролошка слика за денеска и Скопскиот регион

Според информациите од УХМР, во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно време. Во западните делови од земјата попладне и во ноќните часови ќе има услови за појава на локален дожд, додека на повисоките планини можен е слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Супер Попуст -25%

Минималните температури се движат во интервал од -2 до 6 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 9 до 15 степени. Во Скопје претпладне ќе биде претежно сончево, додека во вечерните часови се очекуваат услови за локален дожд, со температури кои ќе се движат од -1 до 15 степени.

 

Прогноза за наредните денови

Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд низ земјата. Почнувајќи од вторник, метеоролозите најавуваат стабилизирање на времето со променлива облачност во текот на денот, додека нови услови за слаб локален дожд се очекуваат во петок.

„Времето денеска ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег…“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нови промени во врвот на украинската армија: Претседателот Володимир Зеленски најави кадровски рокади во вооружените сили

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 8 НОЕМВРИ: На Близнаците итно им е потребен одмор, Овните малку да излезат од дома