во

Нов сериозен инцидент во Вашингтон: Уапсен вооружен венецуелски државјанин во близина на Белата куќа со намера да го убие Доналд Трамп

Американската Тајна служба уапси маж вооружен со три парчиња огнено оружје во близина на Белата куќа, откако тој отворено изјавил дека дошол во Вашингтон со намера да го изврши атентат врз претседателот Доналд Трамп.

Апсење на авенијата Конституција и пронајдено оружје

Како што соопшти Министерството за внатрешна безбедност на САД, а пренесе CBS, осомничениот е идентификуван како Рони Јордрекс Гванипа Кринос, државјанин на Венецуела. Тој бил уапсен во четвртокот вечерта на авенијата Конституција откако припадниците на обезбедувањето забележале сомнително однесување во паркирано возило.

Супер Попуст -25%

При разговор со службите, мажот изјавил дека слушал гласови кои му наредиле да дојде во главниот град за да го убие Трамп. Проверките покажале дека возилото било пријавено како украдено, а при претресот биле пронајдени пушка, две други парчиња огнено оружје и десетици куршуми.

Обвиненија и претходни безбедносни предизвици

Против Гванипа Кринос се поднесени повеќе обвиненија, меѓу кои за незаконски транспорт на оружје, носење нерегистрирана муниција, поседување опасно оружје и примање украдена стока. Според надлежните, тој влегол во САД преку Тексас во март 2024 година, кога бил кратко приведен од граничната патрола и потоа ослободен.

Овој инцидент се надоврзува на низата претходни безбедносни закани со кои се соочи претседателот Трамп, вклучувајќи го ранувањето на митингот во Пенсилванија во јули 2024 година и инцидентот за време на вечерата на дописниците во април.

„Маж вооружен со три парчиња огнено оружје е уапсен во близина на Белата куќа, откако на припадниците на Тајната служба му рекол дека дошол во Вашингтон за да го убие американскиот претседател Доналд Трамп…“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Голем чекор кон Брисел: Црна Гора затвори уште две поглавја и цели кон завршување на преговорите до крајот на 2026 година

Нови промени во врвот на украинската армија: Претседателот Володимир Зеленски најави кадровски рокади во вооружените сили