во

Временска прогноза за викендот: Студени утра со температури под нулата, појава на магла и стабилно време до недела

Македонија ја очекува стабилен, но значително постуден викенд со утрински температури кои на места ќе се спуштат под нулата, додека од почетокот на следната недела метеоролозите најавуваат променливо време и услови за дожд.

Стабилно и сончево време до недела, но со утрински магли

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денешното и времето во текот на викендот ќе се задржи стабилно со променлива облачност и сончеви периоди. По одделни котлини се очекува појава на утринска магла, а слабиот до умерен ветер ќе дува од северен правец.

Супер Попуст -25%

Минималните утрински температури за време на викендот на места ќе паднат под нулата, додека максималните дневни вредности ќе се движат во интервал од 12 до 18 степени Целзиусови, а во Скопје температурата ќе достигне до 17 степени.

 

Промeна на времето и нови врнежи од следната седмица

Стабилната временска состојба ќе се задржи заклучно со недела, по што од почетокот и средината на следната седмица се очекува постепена промена. Времето ќе биде променливо облачно во текот на денот со услови за појава на слаб локален дожд во одделни региони.

Надлежните служби препорачуваат внимателност во сообраќајот во раните утрински часови поради појавата на магла и намалена видливост по котлините.

„До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла“, соопштија од УХМР.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нов чекор во воздухопловството: НАСА го претстави експерименталниот авион X-70 Fractal дизајниран за револуционерни тестови

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 6 НОЕМВРИ: Среќни вести за Лавовите, на Рибите повторно никој не им верува