
Облачно време и пад на температурите
Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд кои на одредени места ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Ваквата временска состојба ќе биде придружена со слаб до умерен ветер кој ќе дува од североисточен правец.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Температурите се во благ пад. Минималните утрински вредности се движат во интервалот од 6 до 11 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува слично време – претежно облачно со повремен дожд и слаб северен ветер, со температури од 7 до 16 степени.
Стабилизација на временските услови од среда
Според најавите на синоптичарите, облачното и постудено време со повремени врнежи ќе се задржи до вторник. Во текот на утрешниот ден локално се очекуваат и поинтензивни врнежи кои може да надминат 20 литри на квадратен метар.
„Од среда, па сè до почетокот на викендот, времето ќе биде стабилно и суво. Ќе има променлива облачност во текот на денот која кон сабота постепено ќе се намалува, проследена со слаб до умерен северен ветер кој ќе биде поизразен долж Повардарието“, најавуваат метеоролозите.


