
Променлива облачност и температури до 19 степени
Денеска нè очекува свежо време со променлива облачност и повремени врнежи од дожд низ повеќе места во државата. Во раните утрински часови, во одделни котлини ќе има услови за појава на магла која привремено ќе ја намали видливоста. Низ целата земја ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Минималните утрински температури во земјава ќе се движат во интервалот од 6 до 12 степени, додека максималните дневни температури нема да надминат 19 степени, односно ќе се искачат од 12 до 19 степени Целзиусови.
Временска прогноза за Скопје
Во главниот град ќе преовладува слична временска состојба. Се очекува претежно облачно време, а во раните утрински часови ќе има услови за појава на слаба магла низ скопската котлина.
„Во Скопје ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната дневна ќе достигне до 15 степени“, најавуваат синоптичарите.


