
Студено утро и засилен ветер долж Повардарието
Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска утринските часови се значително посвежи со минимални температури меѓу 3 и 12 степени. Во Скопје се очекува претежно облачно време со максимална дневна температура до 15 степени. Во текот на денот, како и утре, долж Повардарието ќе дува повремено засилен ветер од северозападен правец.
Сончеви периоди и температури под нулата
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден
Во вторник, 27 октомври, во поголем дел од земјата се очекуваат повеќе сончеви периоди, иако слаб дожд е можен во Полошкиот и во Кривопаланечкиот регион. Особено студено ќе биде утрото во Пелагонија.
„Минималните температури во Прилеп и Битола се прогнозираат да паднат под нулата. Во среда, 28 октомври, ќе се задржи променливата облачност, со повеќе сонце во југоисточните делови и дневна температура околу 16 степени во главниот град“, информираат од УХМР.


