
Сонце претпладне, дожд попладне
Денешното претпладне ќе биде одбележано со променлива облачност и сончеви периоди. Сепак, во попладневните часови, почнувајќи од крајните западни делови на државата, ќе се создадат услови за слаб локален дожд кој постепено ќе се прошири и на повеќе места. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Минималните температури ќе се движат меѓу 0 и 10 степени, додека дневниот максимум ќе достигне од 20 до 26 степени. Во главниот град Скопје се очекува слично време, со променлива облачност и температури кои ќе се движат од утрински 6 до максимални 23 степени.
Дождови, магла и грмежи до крајот на неделата
Метеоролозите најавуваат значителна промена на временските прилики под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, која ќе се задржи над нашата земја сè до почетокот на следната работна седмица.
Се очекува времето да биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои на моменти ќе бидат пообилни. Во петок се најавува и значително засилување на ветерот, кој ќе го промени правецот во северозападен.
„Особено нестабилно ќе биде во четврток, кога врнежите ќе бидат проследени со појава на ретки грмежи. Дополнително, денеска и во четврток на одредени места има услови за појава на утринска магла“, предупредуваат синоптичарите.


