во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 22 ОКТОМВРИ: Овенот го притиска работа, Шкорпијата ја чека конфликт, додека Бикот завршува сè што планирал

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Некој од деловните соработници го засилува притисокот врз вас. Ќе имате проблем да се усогласите со оваа личност, и тоа сè повеќе како што ќе одминува денот. Сето ова ќе ви предизвика дополнителна нервоза и веројатно ќе бидете напнати во контактот со саканата личност.

♉

Бик

Вие можете да направите многу повеќе од она што сте го планирале, а ви одат од рака и некои интересни нови контакти и лица со кои би можеле да направите договор. Саканата личност денес можеби ви забележува за нешто или пак бара да ѝ „прогледате низ прсти“ по некое прашање.

♊

Близнаци

Денес ќе биде неопходно да се извршат промени во организацијата на работата. Очигледно е дека дел од обврските ќе морате да им ги префрлите на колегите, и не очекувајте дека тие ќе се израдуваат. Но, речити сте и убедливи, па ќе направите сето ова да помине доста лесно. Речитоста применете ја и во односот со партнерот.

♋

Рак

Откако во текот на вчерашниот ден или денес во текот на претпладнето завршивте една поголема деловна обврска – луѓето не можат да ве препознаат. Целосно се опуштивте, во одлично расположение сте и со насмевка на лицето во текот на целиот ден. Добар ден за излегување, за друштво, но и за нови познанства.

♌

Лав

Денес имате одлична комуникација со луѓето со кои работите, па време е да побарате услуга или на подобар начин да ги организирате лицата со кои работите. Другите се подготвени да ве ислушаат и поддржат. Со емотивниот партнер денес ќе биде потребно повеќе прилагодување.

♍

Девица

Вие би сакале да ги завршите сите деловни обврски кои ги имате, но некако ич не ви се работи и ќе гледате да го избегнете сето она што можете. Вам сега ви е потребна емоција, потребна ви е саканата личност или контакт со симпатијата. Љубовта е на прво место.

♎

Вага

Ова е ден кој носи голема и поттикнувачка енергија. Токму од оваа причина веројатно ќе се натоварите со обврски, па можно е дури нешто да не успеете ни да завршите. Голема потреба на личноста која ви е симпатична да ѝ се претставите во најдобро можно светло.

♏

Шкорпија

Денес веројатно можете да дојдете во конфликт со лицата со кои работите или со кои сте често во контакт. Напорен ден е пред вас, немојте дополнително да го комплицирате. Обидете се да ги насочите размислувањата кон емотивниот партнер и средбата со него.

♐

Стрелец

Денес приведовте кон крај голема деловна обврска или проект, која ви одземаше многу време. Вие лично сте задоволни, ќе видиме што ќе каже надредената личност по ова прашање. Ги игнорирате повиците и обидите на една личност бидејќи не сакате вашиот емотивен партнер да се посомнева во вас.

♑

Јарец

Ќе умеете да го покажете најдоброто од себе, да ги претставите на вистински начин своите заслуги на луѓето со кои доаѓате во контакт. Исто така ќе имате намера да ѝ посветите повеќе време на саканата личност, но прашање е дали таа ќе може да се вклопи со своите обврски.

♒

Водолија

Ако сакате да решите една проблематична ситуација, веројатно ќе морате некои работи да ги поправате во од и набрзина. Додуша, сега тоа не ви е тешко – само да ја симнете оваа обврска од врат. Благо манипулирате со саканата личност.

♓

Риби

Денес услугата или поддршката од страна на колега или пријател во голема мера ќе ви помогне да надминете една напната деловна ситуација. Ден кој е одличен за излегувања и забавни активности. Денес исто така можете да запознаете и некој кој би ви се допаднал на прв поглед.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Временска прогноза: Сончеви периоди претпладне, попладне локален дожд и услови за магла

Хрскави пилешки батаци од рерна: Брз ручек со маринада од само три состојки