во

Искористете ги денешните 26 степени: За продолжениот викенд пристигнува влажен бран и обилни дождови

Граѓаните кои планираат активности на отворено за продолжениот викенд ќе мора да се приспособат на вистинско есенско време, бидејќи по денешните пријатни 26 степени, следува влажна и нестабилна воздушна маса со обилни дождови.

Денеска променливо со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за слаб локален дожд, кој ќе започне прво во крајните западни делови, а потоа ќе се прошири на повеќе места низ земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието.

Супер Попуст -25%

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната утринска температура се движеше во интервал од 0 до 10 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје времето ќе биде слично, променливо облачно со сончеви периоди и максимална температура до 23 степени.

 

Врнежлив продолжен викенд и појава на магла

Од утре, па сè до почетокот на следната работна седмица, Македонија ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно со чести врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер.

„Најнестабилно ќе биде во четврток, кога врнежите ќе бидат проследени со појава на ретки грмежи. Дополнително, утре и во четврток на повеќе места ќе има услови за појава на утринска магла. Ветерот ќе биде слаб до умерен од југоисточен правец, но во петок се очекува засилување од северозапад“, најавуваат од УХМР.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВИДЕО: Седми ден хаос во Тирана! Летаат молотови коктели, полицијата возврати со водени топови и солзавец

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 21 ОКТОМВРИ: Лавот мора да ги брани своите интереси, Јарецот е груб кон личноста која му е драга