
Утрово услови за дожд, температури до 23 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во утринските часови има услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој на одредени места долж Повардарието повремено ќе засилува.
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Минималната температура низ државата ќе биде во интервал од 7 до 14 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од утрински 13 до максимални 20 степени.
Стабилна сабота, нови врнежи во недела
Доколку планирате активности на отворено, сабота ќе биде поповолниот ден од викендот, бидејќи синоптичарите најавуваат стабилно време.
„Во недела повторно ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Сепак, во деновите потоа, односно од почетокот на следната работна недела, следува стабилизирање на временските прилики“, информираат метеоролозите.


