во

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме ЕУ, но вештачки пречки нè блокираат

Премиерот Христијан Мицкоски од Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора порача дека Македонија одамна заслужила да биде дел од Европската Унија, но почетокот на преговорите е спречен поради вештачки причини.

Тој нагласи дека досието на нашата држава е исклучително сложено, но очекува Самитот да испрати силни пораки за интеграцијата на регионот. Премиерот потенцираше дека македонската Влада останува силно посветена на реформската агенда и евроинтегративниот пат, најавувајќи континуитет во таа насока.

Глобални предизвици и европска иднина

Супер Попуст -25%

Осврнувајќи се на актуелната геополитичка ситуација, Мицкоски истакна дека човештвото сведочи на еден од најтешките периоди во овој век. Тој ги посочи војната во Украина, судирите на Блискиот Исток, кризата на финансиските пазари и масовните протести низ Европа како клучни предизвици. Според него, неопходно е заедничко изнаоѓање излез од оваа глобална ситуација.

„Досието на Македонија е многу сложено. Одамна заслуживме да бидеме дел од ЕУ, но, за жал, поради одредени вештачки причини, сè уште не сме во можност да ги започнеме преговорите.“

Самитот се одржува во Свети Стефан и претставува завршен настан на црногорското претседавање. Настанот го отворија црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Главен фокус на разговорите е економското поврзување, безбедноста и забрзувањето на интеграцијата на Западен Балкан. Во рамките на настанот се одржува и пленарната сесија насловена „Регионот во движење: Западен Балкан ја обликува заедничката иднина на Европа“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ескалација во Тирана: Молотови коктели кон кабинетот на Еди Рама за време на антивладините протести