
Сончев ден низ државата и во Скопје
Според прогнозата, времето денеска ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната утринска температура се движеше во интервал од 0 до 10 степени, додека максималната дневна ќе се искачи од 20 до 26 степени Целзиусови.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Слично, стабилно време се очекува и во Скопје, каде денот ќе биде сончев проследен со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне пријатни 25 степени.
Драстична промена и поројни дождови од утре
Стабилното време нема да се задржи долго. Веќе од утре попладне и во текот на следните денови ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд. Дополнително, до четврток претпладне по котлините ќе има услови за појава на утринска магла и ниска облачност.
„Најголема промена се очекува во четврток, кога врнежите ширум земјата ќе бидат поројни и пообилни, локално проследени со повремени грмежи. Во петок се очекува стабилизација на врнежите, но ќе дува засилен ветер од северозападен правец“, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).


