
Само еден час по затворањето на гласачките места, носителот на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ потврди дека изгубиле. Победник на овие избори е Студентската листа, која успеа да мобилизира голем број гласачи и да освои околу 2,2 милиони гласови. Според првичните проценки базирани на стратификуван примерок, тие ќе имаат апсолутно мнозинство со 135 до 140 пратенички мандати.
Масовна излезност ја промени политичката слика
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Клучот за ваквиот изборен епилог лежи во рекордната излезност од речиси 70 отсто. Додека Српската напредна странка на Вучиќ го задржа своето редовно гласачко тело со освоени 1,7 милиони гласови, Студентската листа успеа да ги мотивира граѓаните кои досега апстинираа од гласање.
„Врз основа на стратификуваниот примерок, јасно е дека ги изгубивме овие избори. Немаме резултати, многумина ќе бидат изненадени, а вие ќе сфатите колку некои лажеле.“
Признавајќи го поразот, Вучиќ им ја честиташе победата на политичките противници, иако ги нарече „изведувачи на туѓи валкани работи“, и децидно порача дека нема намера да бега. Ова означува крај на неговата политичка доминација во различни улоги (како премиер и претседател) која започна во 2012 година. Веднаш по соопштувањето на резултатите, во штабот на Студентската листа ечеа овации, а на улиците низ Белград и ширум цела Србија започна масовно славје.

