во

Пет можни сценарија за изборите во Србија: Од убедлива победа на Вучиќ до политичка блокада

Околу 6,5 милиони граѓани имаат право на глас на денешните историски избори во Србија, кои се одржуваат по две години масовни протести, а аналитичарите предвидуваат пет можни сценарија за политичката разврска.

Победа на Вучиќ или политичка блокада

Според анализата на медиумите во регионот, првото сценарио предвидува убедлива победа на Александар Вучиќ и СНС. Дури и со освоено апсолутно мнозинство, изборниот пораз нема да ја згасне децентрализираната мрежа на студентското движење. Второто сценарио вклучува тесна победа на власта обележана со изборни неправилности. Доколку се појават веродостојни докази за манипулација, тоа би можело да предизвика нови масовни протести, правни оспорувања и ескалација на насилството на улиците.

Супер Попуст -25%

Третата опција е расцепкан парламент без јасен победник, каде што ниту еден политички блок нема да стигне до потребните 126 пратеници за формирање влада. Во ваква ситуација, помалите партии и претставниците на националните малцинства ќе ја имаат клучната улога во коалициските преговори, а доколку не се формира мнозинство, ќе следуваат нови избори.

Студентската листа како клучен фактор

Четвртото сценарио предвидува тесно мнозинство за Студентската листа. Сепак, приговорите на изборниот процес и отпорот на институциите би го одложиле формирањето на владата, што би можело да предизвика немири и репресија врз демонстрантите.

„Петтото сценарио е убедлива победа на студентите. Ова би довело или до непречено предавање на власта при што СНС ќе премине во опозиција, или до отежната транзиција поради длабоко вкоренетото влијание на Вучиќ врз државните институции. Новото парламентарно мнозинство секако ќе се соочи со тешкотии во отстранувањето на наследството од 14-годишното владеење на СНС“, се заклучува во анализата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Филипче со поддршка за српските студенти: Удри по Вучиќ за изборни нерегуларности, а Мицкоски го нарече „потчинет“

Кој ги убива бизнисмените во Бугарија? Застрелан Слави Бинев, трето убиство за помалку од 90 дена