
Температури и силен ветер низ државата
Според метеоролозите, минималните температури во текот на денот ќе се движат во интервалот од 0 до 10 степени, додека максималните дневни вредности ќе достигнат од 11 до 18 степени. Во Скопје времето ќе биде слично, променливо облачно со сончеви периоди и умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Температурата во главниот град ќе се движи од минимални 10 до максимални 14 степени Целзиусови.
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден
Прогноза за наредните денови: Магла и викенд со дожд
Во наредните денови Македонија ја очекува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла што може да ја намали видливоста за учесниците во сообраќајот. Од петок и во текот на претстојниот викенд, се очекува промена и дестабилизација на времето со повремени локални врнежи од дожд.
„Во петок и во деновите од викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец“, најавуваат синоптичарите за претстојниот период.


