
Утрински дожд и силен ветер, попладне сонце
Во претпладневните часови низ земјава ќе преовладува врнежливо време, проследено со умерен до засилен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе достигнува брзина и над 80 километри на час. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе настапи разведрување. Минималните температури се движат од 7 до 14 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 14 до 22 степени.
Во Скопје во утринските часови ќе има услови за врнежи од дожд, по што ќе следи претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 20 степени.
За време на викендот облачно, од понеделник студен бран
Во текот на викендот и на почетокот од следната седмица времето повторно ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
Посериозна промена на временската состојба се очекува од понеделник до средината на работната седмица. Под влијание на студен воздушен бран температурите ќе бележат значителен пад, а на некои места се очекува живата во термометарот да се спушти и под нула степени.
„Од понеделник до средината на работната седмица под влијание на студен воздушен бран температурите ќе бидат во опаѓање, а на некои места се очекува да се спуштат и под нула степени.“
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден







