во

Временска прогноза за денеска: Променливо облачно со дожд и силен ветер над 80 км/ч во западните делови!

Денеска низ земјава нè очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. И покрај високите температури за овој период од годината, метеоролозите предупредуваат на силен југозападен ветер со удари над 80 километри на час.

Пообилен дожд и силен ветер на западот

Според најавите, врнежите во западните делови од државата ќе бидат поинтензивни и локално ќе наврнат над 15 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој во западните предели повремено ќе достигнува брзина и над 80 километри на час. Минималните утрински температури се движат во интервал од 6 до 11 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 18 до 22 степени.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Во главниот град Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, а кон крајот на денот се можни услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој во одделни делови од Скопската Котлина повремено ќе биде засилен. Температурата во главниот град ќе се движи од минимални 10 до максимални 20 степени.

Натпросечно топло до крајот на седмицата

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека променливото облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет ќе се задржи и во наредните денови.

Под влијание на јужното воздушно струење, до крајот на седмицата ќе остане релативно топло со температури значително над просекот за овој период од годината, но и понатаму ќе дува умерен до засилен југозападен ветер со повремени силни удари на западот.

„Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината“, соопштуваат од УХМР.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нова политичка ера во Србија: „Студентската листа“ го презема Парламентот, Александар Чупиќ предложен за претседател!

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 19 НОЕМВРИ: Шкорпијата ја фалат, на Вагата ѝ се насмевнува среќата, а на Овенот денот му е полн со убави вести