
Богата агенда за конституирање на институциите
Седницата, чиј почеток е закажан точно во 10:00 часот, содржи обемна агенда неопходна за целосно фукнционирање на законодавниот дом. Покрај изборот на претседател, пратениците треба да изберат и потпретседател на Парламентот, како и да назначат нов генерален секретар. На дневниот ред се наоѓа и изборот на членови на парламентарните тела, како и формирањето на постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.
Нов сооднос на силите: СНС заминува во опозиција
Врз основа на официјалните резултати од октомвриските парламентарни избори, вчера беа верификувани мандатите на сите 250 пратеници, со што се официјализираше новата политичка реалност во Србија. Апсолутното мнозинство во новиот собраниски состав го држи „Студентската листа“ која освои дури 140 пратенички мандати.
Досегашната владејачка партија Српска напредна странка (СНС), сега предводник на опозициската коалициска листа „Србија победува“, ќе дејствува со 103 пратеници. Преостанатите седум мандати во новиот српски Парламент им припаднаа на политичките партии кои ги претставуваат малцинствата.
„Пратениците во Српскиот парламент денеска продолжуваат со работа и треба да го изберат претседателот… Студентската листа ќе го кандидира Александар Чупиќ за таа функција.“
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден






