
Закани за ликвидација и избришани пораки
Според тврдењата на Цанов, драмата започнала само неколку минути по објавувањето на неговото прво видео во кое се зборува за притисокот од бугарските безбедносни служби. Михаилова му испратила серија пораки изразувајќи огромен страв за сопствената безбедност, како и за безбедноста на нејзиното семејство, по што истите ги избришала, но јутјуберот веќе направил видеоснимка од нивната преписка.
Во новото видео е објавен и дел од телефонски разговор со жена за која Цанов тврди дека е Христина, мајката на Михаилова. Таа во разговорот експлицитно бара да не се споменуваат безбедносните служби, наведувајќи дека тоа е нејзиниот единствен услов и дека во спротивно би можела да биде ликвидирана. Цанов потенцира дека располага со целосни аудиоснимки во траење од над два часа и е подготвен да ги достави на проверка.
Притисоци од ДАНС и контрадикторни изјави
Случајот се надоврзува на претходните објави каде се тврдеше дека ДАНС ја уценувале Михаилова – нејзиното медиумско појавување и добивањето помош за лекување и правна поддршка биле условени со давање првично интервју исклучиво кај новинарот Мартин Карбовски.
И покрај овие снимки, на 15 ноември Михаилова преку социјалните мрежи јавно демантираше дека била принудувана на што било, апелирајќи до јавноста да ја остави на мир за да се посвети на лекувањето. Истовремено, бугарската ДАНС целосно ги отфрли обвинувањата за вршење притисок, а новинарот Мартин Карбовски негираше дека е агент на службите.
„Јави ми се веднаш. Крени ми, зашто сите ќе умреме уште вечерва“, гласи една од шокантните пораки кои Цанов ги презентира во новото видео.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден







