
Огнени знаци (Овен, Лав, Стрелец)
Овен: Иако не ви е до работа, соберете сили да завршите сè за да уживате во викендот. Не бидете нервозни и не се карајте со колегите. Ве очекува нагласена страст со саканата личност.
Лав: Непланирано ќе бидете вредни, не само на работа, туку и околу подготовките за викенд. Можно е да му се налутите на партнерот бидејќи избегнува да ви помогне.
Стрелец: Балансирате меѓу деловните и личните обврски. Попладнето носи олеснување, најверојатно благодарение на помошта од партнерот.
Земјени знаци (Бик, Девица, Јарец)
Бик: Ништо не оди според планот. Астрологот советува да не се нервирате, туку да ја следите ситуацијата. Напнати сте и поради усогласувањето на обврските со партнерот.
Девица: Едвај чекате да заврши работното време за да одите на шопинг. Направете список за да не го испразните паричникот импулсивно.
Јарец: Нервозни сте бидејќи брзате да завршите некоја работа, но не го пренесувајте тоа на семејството. Работете полека, ќе стигнете сè.
Воздушни знаци (Близнаци, Вага, Водолија)
Близнаци: Фокусирани сте само на трошоци. Колку и да планирате, трошите повеќе. Совет: Замижете на едно око, сепак е сезона на слави и празници.
Вага: Брзате да завршите со работа за да избегате некаде. Можна е нервоза дома бидејќи ги терате сите да се активираат за викенд подготовки.
Водолија: Толку сте нервозни што „касате“ секого околу вас. Смирете се, ќе стигнете да завршите сè. Не ги расипувајте односите со блиските луѓе.
Водни знаци (Рак, Шкорпија, Риби)
Рак: Колегите или шефот ќе ве изнервираат, но издржете до крајот на работното време. Вечерта нервозата поминува и односот со партнерот ќе биде коректен.
Шкорпија: Утрото е резервирано за работа, но попладне ќе бидете целосно исцрпени. Ќе имате малку енергија само за партнерот.
Риби: Утрово сè ви доцни и тоа ве нервира. Не грижете се, во вториот дел од денот работите се средуваат, а ве очекува и значајна средба или разговор.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден







