во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15 СЕПТЕМВРИ: Стрелците пак ја прават истата грешка, на Рибите баш не им е ден

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Луѓето со кои денес доаѓате во контакт се однесуваат чудно и непредвидливо. Сепак, со повеќе труд, можете да остварите задоволителна комуникација и можеби да постигнете договор. Во можност сте да остварите таен контакт, флерт или авантура со некој што ве интересира.

♉

Бик

Понервозни сте од вообичаено, бидејќи во деловниот сегмент сè оди со побрзо темпо отколку што очекувавте, па ви е тешко да се снајдете во лавината од случувања. Во емотивните односи не се разбирате со партнерот, ситници го расипуваат вашиот однос и постои можност за недоразбирања.

♊

Близнаци

Убедени сте дека сте во право по едно прашање и никако не ви одговара што поединци се обидуваат да ви го наметнат својот начин на размислување. Потребно е да бидете подготвени на компромис. Не ви се допаѓа што саканата личност потенцира работи за кои вие сметате дека се небитни.

♋

Рак

Една личност во деловното опкружување се обидува да ве убеди да ги правите работите на нејзин начин, потполно поинаку од она што вие сте го испланирале. Можно е да се повлечете од конфликтот и неволно да се согласите. Денес е потребен компромис во односот со емотивниот партнер.

♌

Лав

Една понуда е вредна за ваше разгледување. Можно е сепак да прашате за совет личност во која имате доверба. Во себе не се согласувате со нешто што доаѓа од страна на саканата личност, но бидејќи не сте подготвени за расправа, порадо се повлекувате.

♍

Девица

Доста забрзан и исполнет со обврски ден, а можно е да влечете хроничен умор и од претходниот период. Не претерувајте, дајте си време и да се одморите. Емотивниот партнер ќе ви префрли дека немате доволно време за него.

♎

Вага

Со соработникот со кој инаку имате исклучителна комуникација, денес не можете да најдете заеднички јазик. Сметате дека другата страна е претерано напорна и бара премногу. Се обидувате на емотивниот партнер да му го свртите вниманието на некои негови постапки, но не наидувате на разбирање.

♏

Шкорпија

До вас доаѓа понуда која ви е интересна, но едноставно не знаете каде да ја вклопите во својот пренатрупан дневен распоред. Во емотивните релации, Шкорпиите денес се обидуваат да одат на две страни… одржувате контакт со повеќе личности. Во расположение сте за флерт.

♐

Стрелец

Премногу се оптоварувате со работи кои моментално не можете да ги промените, а веројатно станува збор и за деловни, но и за семејни односи. Посветете се на обврските за да не направите грешка. Емотивниот партнер е премногу напорен по некои прашања.

♑

Јарец

Во првиот дел од денот ви е потребна голема концентрација, бидејќи лесно можете да згрешите во некои работи. Непријатни сте кон колега без вистинска причина. Не ви се допаѓа што личноста која ви се допаѓа на некој начин се повлекува од комуникацијата. Не ви е јасно каде сте згрешиле.

♒

Водолија

Ви се чини дека некои ситуации на работа се развлекуваат без вистинска причина. Свесни сте дека некој очекува да притекнете на помош и да понесете добар дел од товарот, но се правите дека не забележувате. Не можете да го сокриете незадоволството во однесувањето кон емотивниот партнер.

♓

Риби

Свесни сте дека е потребно многу малку за да решите некои работи, но моментално немате некој особен поттик да се ангажирате. Немојте со статичноста да пропуштите некои прилики. Емотивниот партнер денес ви угодува, свесен за вашето полошо расположение, но вие не реагирате.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ОД СОНЦЕ ДО НЕВРЕМЕ: Подгответе ги чадорите, попладнево не очекуваат поројни дождови и град!

Палачинки од рерна со фета, спанаќ и печурки: Толку кремасти и вкусни што ќе ги правите постојано