
Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.
Астролог Олга Савиќ
ОВЕН
На другите денес нема да им биде лесно да излезат на крај со вас, бидејќи сте премногу напорни и повремено нервозни. Во односот со саканата личност не морате да кажете баш сè што ви е на памет. Можете да ја повредите драгата личност со некои зборови.
БИК
Повремено доста комплицирани и тензични ситуации на работа. Се трудите да задржите ладнокрвност и стабилност. Емотивна несигурност, па ќе ви биде неопходно да поминете повеќе време со саканата личност.
БЛИЗНАЦИ
Излегува дека што и да кажете – ќе биде погрешно. Не е проблемот во вашиот настап, туку во луѓето со кои доаѓате во контакт, кои се напнати и нетолерантни. Затоа и во односот со партнерот бидете подготвени на повремени искри и нервоза од другата страна.
РАК
Сметавте на некого и многу сте непријатно изненадени што таа личност заборавила на вашиот договор или сè што е поврзано со вас го пролонгирала за следната недела. Можна е ваша бурна реакција. Контактот со емотивниот партнер може да биде тежок.
ЛАВ
Вие добро знаете што сакате, но се чини дека тоа нема да биде доволно за да се одржи склад или да се постигнат вистински договори. Некој со своите зборови и постапки може да ве исфрли од такт. Не ви се допаѓаат постапките на партнерот и можете да изреагирате.
ДЕВИЦА
Свесни сте дека вашите постапки биле повеќе од добри и не ви е јасно зошто сè уште нема вистински резултати. Не ги забрзувајте ситуациите, пуштете сè да оди по својот тек. Партнерот е само малку понервозен, немате причина за грижа.
ВАГА
Потребна ви е помош и поддршка од колегите, бидејќи е можно денес да направите повеќе грешки поради преголемата оптовареност со обврски. Колку и да се трудите околу една личност, ви се чини дека таа никако да одговори на вистинскиот начин.
ШКОРПИЈА
Во претходните денови бевте притиснати со обврски и не е чудо што ви е потребно што побрзо да се одморите и растеретите. Би било добро денес повеќе да си се посветите себеси. Во односот со саканата личност веројатно нема да бидете баш расположени.
СТРЕЛЕЦ
Вашата енергија е пресилна за оние со кои доаѓате во контакт. Можно е соработниците да не успеваат да го следат вашето темпо, не бидете нервозни поради тоа. Морате денес да направите одредени компромиси во односот со саканата личност.
ЈАРЕЦ
Не сте задоволни од промените што се случуваат на работа, но моментално не можете да направите многу. Пуштете да видите во кој правец ќе се развива ситуацијата. Не бидете непријатни кон луѓето што ве сакаат. Својата нервоза оставете ја на страна.
ВОДОЛИЈА
Решени сте денес да завршите многу работи и немате намера да се откажете од целите. Ќе биде тешко да се излезе на крај со вас. Контактите со другите ви внесуваат нервоза, најмногу затоа што за ваш вкус се премногу бавни. И саканата личност може да биде „поткачена“.
РИБИ
Она што вие сакате да го направите не успевате да го вклопите со другите личности, бидејќи тие имаат поинакви планови. Можна е напнатост со колегите. Со саканата личност бидете во движење, излезете – постои вишок енергија кој може да се претвори и во расправија.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден







