
✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.
♈
Овен
Морате добро да се организирате, да направите прераспределба на работите, за да стигнете да го исполните сето она што сте го ветиле или да ги завршите сите обврски. Ќе бидете нервозни, но се плашам дека тоа не ви е оправдување за некои работи да не ги одработите. Добра комуникација со спротивниот пол.
♉
Бик
Доста време ќе ви одземат обврските кои ви ги наметнале другите, можно е дури некој да не се појавил на работа, па да морате да го одработите и неговиот дел. Искористете ги попладнето и вечерта да се растоварите, прошетајте со саканата личност или одете на шопинг со пријателите.
♊
Близнаци
Денот е одличен, бидејќи ќе завршите многу повеќе од планираното, а ќе успеете и да обавите разговор со потенцијален соработник. Колку е сè добро во врска со работата, толку се нервирате во врска со емоциите. Партнерот како да ве провоцира, не можете да го „искулирате“.
♋
Рак
Во деловниот сегмент ви следи доста нервоза, што поради купот ситници кои чекаат само на вас, што поради целосно неоснованите забелешки од надредениот. Можно е поради нерасположение и умор да останете дома, иако сте поканети на излегување или дружење.
♌
Лав
Денес како некој во струја да ве вклучил, бидејќи се обидувате да стигнете на сто страни, па повремено ќе се губите во обврските. Сепак, имате доволно енергија, па на другите ќе им изгледа дека сè извршувате без никакви проблеми. Одлични контакти со спротивниот пол.
♍
Девица
Колку некои информации ќе ви одговараат и ќе ви дадат надеж дека една работа или обврска ќе ја завршите токму како што треба и навреме, толку од друга страна ќе ве вознемири сето она поврзано со финансискиот сегмент. Оставете ја грижата и сосредоточете се на вашето сакано битие, кое ве чека.
♎
Вага
Бидете свесни дека ако се обидувате да посветите внимание на повеќе страни и да одработите повеќе обврски одеднаш, веројатно ќе излезе дека нема да завршите ништо. Знам, брзате поради состанокот кој сте го закажале денес и сакате да си дадете што повеќе време за да се подготвите.
♏
Шкорпија
Денес нема баш сите да можат да ве разберат. Оние кои се навикнати на вашиот начин на работа одлично ќе се вклопат и во ова ваше расположение, но на новите соработници нема да им биде јасно што се случува со вас. Денес комуникацијата помеѓу вас и саканата личност е одлична.
♐
Стрелец
Хаосот на работа дефинитивно ќе започне од пладне, па затоа зграпчете го времето наутро за да завршите сè што имате, бидејќи кога ќе започнат тензијата, напнатоста и кратките временски рокови – нема да знаете ни дали сте дошле или сте тргнале. Емотивниот партнер ви е многу потребен, покажете му го тоа.
♑
Јарец
Ниту вие знаете што сакате, ниту другите знаат што сакаат од вас. Како да настанала општа збрка во деловните односи, се провлекува тензија без никаква смисла. Обидете се да се дистанцирате од сè, особено ако надредениот почне да ви упатува бесмислени критики.
♒
Водолија
Колку од една страна успевате да ги завршите сите обврски и да остварите интересна комуникација со потенцијалните соработници, толку ви пречи што она што ви е најважно не можете ни од место да го помрднете. Оставете го за некој друг ден. Ден добар за нови познанства.
♓
Риби
Одлични моменти за контакт, средба или состанок со потенцијален деловен партнер. Ќе се претставите себеси во одлично светло и ова е прилика за вас која би требало да ја искористите. Во попладневните и вечерните часови одлично расположение за средба со саканата личност.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден







