
Контроверзно гостување и неосновани обвинувања
Како што обелодени новинарот Богдан Илиевски (Бетмен Велит), Михаилова наместо да биде на болничко лекување во престижната болница „Пирогов“, се појави во јавноста заедно со својот адвокат, изнесувајќи низа контроверзни, конспиративни и неточни тврдења.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Во текот на 40-минутното интервју, таа тврдела дека била незаконски држена во Македонија, дека нејзиниот национален идентитет бил причина за судски прогон, а изнела и апсурдни тези дека премиерот Христијан Мицкоски лично финансирал 90 отсто од македонските медиуми. Исто така, беа упатени напади кон македонското обвинителство и институции, со тврдења за наводно барање поткуп и геополитички обвинувања.
Игнорирање на жртвата и избегнување на правдата
Домашните аналитичари и новинари остри ги осудија наводите во емисијата, нагласувајќи дека во целокупното гостување во кое се напаѓаше македонскиот систем, ниту еднаш не беше споменато името на загинатиот македонски граѓанин ниту пак начинот на кој обвинетата ја минала границата за да ја избегне правдата.
„Ива Михаилова, лицето кое усмрти македонски граѓанин во сообраќајна несреќа и побегна во соседна Бугарија, наместо да биде на итно болничко лекување како што тврдеше, се појави како гостин во подкастот на познатиот бугарски новинар Мартин Карбовски…“

