
Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.
ОВЕН
Чувствувате огромен енергетски прилив, како и подобрување на расположението. Денес ве носи бран на позитива, па сè ќе биде полесно да се реши. Влеговте во фаза која ќе трае повеќе од еден месец – онаа која ќе ви донесе резултати и подобри финансии. Емотивно – страста е тука, уживање.
БИК
Денот ќе најави период кој ќе биде проткаен и со добри деловни шанси, но и со емотивни прилики. Вестите кои пристигнуваат се многу ветувачки и ви даваат надеж дека сè се придвижува во правецот кој вие го посакувате. Партнерот покажува посесивност, но тоа ви годи.
БЛИЗНАЦИ
Застојот во договорите кој постоеше претходниот ден, сега може да се надмине. Доколку во нешто не сте успеале вчера, време ви е повторно да се обидете. Умеете да го пронајдете вистинскиот начин да ѝ се приближите на личноста која ви се допаѓа.
РАК
Сè ќе се мести да ви оди од рака, да ви одговара, со само малку вложен труд лесно го остварувате она што го сакате. Дури и ако дојде до моментални, ситни проблеми или недоразбирања – сè е решливо. Некој преку работа флертува со вас и тоа ви годи.
ЛАВ
Ден во кој не само што можете да остварите значајни деловни резултати, туку и да направите договори – оние кои ќе бидат стабилни и ќе траат со текот на времето. Емотивно – галантни сте, пожртвувани, умеете да го покажете она што го чувствувате и саканата личност ќе ужива покрај вас.
ДЕВИЦА
Пред вас се отвора период на вистински, успешни акции и потези. Работите се забрзуваат – време е да тргнете како што треба! Деловните контакти ви носат вистински резултати и договори. Контактот со некого ги буди во вас најскриените и најдлабоките желби.
ВАГА
Вагите чекор по чекор, малку по малку – ја градат деловната иднина и ги трасираат патиштата кон успехот. Среќата е на ваша страна и лесно ќе го остварите она што го сакате. Ви годат погледите и вниманието што другите ви го покажуваат. Нови љубовни шанси се отвораат пред вас.
ШКОРПИЈА
Овој ден го означува почетокот на периодот на онаа вистинска, голема борба која Шкорпиите ја водат за деловната и финансиската иднина. Време е да покажете што знаете и умеете. Важни љубовни случувања можат да се придвижат веќе денес. Одлично за нови емотивни почетоци.
СТРЕЛЕЦ
Малку сте загрижени бидејќи не сте сигурни дали ќе успеете навреме да завршите со обврските што ве очекуваат. Колку и ситуацијата да изгледа комплицирано – ќе успеете да ја решите. Емотивно – доколку меѓу вас и партнерот нема тајни, нема ни причина за грижа.
ЈАРЕЦ
Позитивно сте наелектризирани, како да чувствувате дека некои важни ситуации можат да бидат придвижени. Доколку е потребно да донесете одлука – немојте да го правите тоа сами. Има личности кои се подготвени да ви помогнат. Емотивно – нежност и засилена романтичност.
ВОДОЛИЈА
Некои убави вести денес доаѓаат до вас. Позитивни случувања и наклонетоста на личностите со кои сте опкружени ве креваат и ви даваат сила. Работите значително се поместуваат на подобро. Емотивно – длабоко чувство на приврзаност и нежност кон некого. Влегувате во убав период.
РИБИ
Денес очекувајте отворено признание за сето она што го работите. Дали тоа ќе ви го покажат надредените или колегите, соработниците – не е ни важно, важно е дека она што го работите е препознаено и ценето. Емотивно – прекрасни можности за нова љубовна приказна.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







