
Отпадот и шутот од Источното крило на Белата куќа, кое е урнато за да се направи место за планираната балска сала на претседателот Доналд Трамп вредна 300 милиони долари, наводно се возат на еден голф-терен во Вашингтон за чија обнова претседателот покажал интерес.
Камиони биле видени како превезуваат големи количини земја од местото каде што е урнато Источното крило, а потоа ја истоваруваат во паркот Ист Потомак, на островски терен долж реката Потомак, пренесува „Вашингтон Пост“.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Извор запознаен со проектот потврдил за весникот дека таа земја „ќе биде искористена за формирање насип на блискиот јавен голф-терен“, навел порталот „Медијајт“.
Новинарот Мартин Аустермајл го посетил теренот и известил дека бројни работници му потврдиле дека земјата потекнува од локацијата на Источното крило и дека се користи за „создавање нов релјеф на теренот“.
Повеќе од само отпад – терен со потпис на Трамп?
Откритието доаѓа два месеци откако „Политико“ објави дека Трамп планира обнова и ребрендирање на токму тој терен. Идејата наводно потекнала од еден член на персоналот, а Трамп ја прифатил така што потпишал рендер со златен логотип, налик на оние на неговите приватни клубови.
Предлогот за редизајн вклучувал и ново име: „Национален голф-терен Вашингтон“ (Washington National Golf Course). Локалитетот Ист Потомак работи врз основа на 50-годишен договор за закуп потпишан во 2020 година помеѓу Националната служба за паркови и непрофитна организација, што гарантира дека теренот ќе остане отворен за јавноста.


