во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 6 СЕПТЕМВРИ: Шкорпијата и Овенот се со променливо расположение, Девицата тешко ги крие чувствата

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Денес би требало да ве држи добро расположение и желба да се опуштите и одморите. Меѓутоа, во првиот дел од денот расположението ќе ви биде променливо, а вториот дел од денот повеќе ќе го искористите да излезете со пријателите или да ѝ се посветите на саканата личност.

♉

Бик

Денес можете да остварите контакт и средба со некој кого веќе подолго време сакате да го видите. Најверојатно станува збор за пријател, и времето поминато со него исклучително ќе ви годи. Во вториот дел од денот малку сентиментално расположение.

♊

Близнаци

Големи се вашите планови, но прашање е дали ќе успеете да се издигнете од малку полошото расположение и да ги остварите. Можеби делумно ќе ве спречат и обврските на кои мора да им се посветите. Покажете повеќе разбирање кон саканата личност.

♋

Рак

Своето расположение кое е нешто полошо, а го влечете уште од вчера, ќе го пренесете и во денешниот ден. Некој од членовите на семејството може да ви забележи за вашето однесување или став, што дополнително негативно ќе влијае на вас. Можеби е време да се одморите и опуштите.

♌

Лав

Потребно ви е да добиете поддршка од некого кој ви е важен. Тоа може да биде емотивниот партнер или некој од членовите на семејството. Во суштина, сега ви е неопходен некаков вид на заштитничко однесување од страна на личноста што ја сакате. Малку сте се разгалиле.

♍

Девица

Тешко денес ќе успевате да ги сокриете своите чувства и она што се случува во вас. Потребно ви е присуство на саканата личност или членовите на семејството за да ве подигнат и расположат. Одличен момент е малку да се растоварите и да си поминете убаво.

♎

Вага

Она што денес најмногу ве интересира е сè што е поврзано со емоциите. Немојте да бидете осамени, ако веќе немате партнер, туку свртете се кон пријателите и семејството. Доколку сте во емотивна врска, искористете го денот за уживање во провод и љубов.

♏

Шкорпија

Вашите расположенија денес ќе варираат и веројатно ќе одите од крајност во крајност. Во еден момент сте одлично, во друг веќе напнати и нервозни. Зачувајте го добриот однос со партнерот и со луѓето кои ги сакате. Потрудете се да поминете што повеќе време со нив.

♐

Стрелец

Ќе биде потребна многу добра волја за денес да се усогласите со луѓето со кои доаѓате во контакт. Постои разминување во мислењата, плановите. Ќе биде потребна многу добра волја за да го најдете вистинското решение. По малку тензичен и стресен ден за вас.

♑

Јарец

Неделата зад вас е доста напорна, а сега е вистински момент овој ден да го поминете со личностите со кои сте блиски и кои ги сакате. Можно е да отидете на поголем собир или да посетите пријатели. Ќе се чувствувате добро и одморено. Можност за флертување во попладневните часови.

♒

Водолија

Некои работи профункционираа помеѓу вас и саканата личност. Она што ви пречеше во претходните денови, сега е надминато. Ако ви се чини дека саканата личност ви дава нејасни или нецелосни одговори, запрашајте се колку сте вие искрени.

♓

Риби

Вие ги полните своите батерии во рамките на домот, семејството, пријателите, во контактот со децата. Ова е доволно за да ви ја врати сета енергија која сте ја изгубиле во претходните денови. Затоа, со вам драгите личности отидете макар на заеднички ручек. Или во провод и некое дружење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВНИМАНИЕ ОД УХМР: Цела Македонија во портокалова фаза, температурите одат до 37 степени!

Сармите од зеље се зимски хит со полесна верзија: Тајната е во еден ладен додаток