во ,

Дневен хороскоп за 9 јануари: Лавовите ги чека парична добивка, Биковите на удар на минатото

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 9 ЈАНУАРИ: Лавовите ги чека парична добивка, Биковите и Рибите на удар на минатото

Што ви предвидуваат ѕвездите за овој петок? Дознајте дали ве очекува успех на работа или бура во љубовниот живот. Астрологот Олга Савиќ ги открива деталите за сите 12 знаци.

ОВЕН

Свесни сте дека некои работи мора да ги завршите на поинаков начин од оној што ви одговара, но тоа во моментов е навистина неопходно. Поставете се поодговорно кон соработниците. Имате одличен контакт со личност која не живее во вашиот град.

БИК

Од вас моментно се бара многу повеќе од она што можете да го постигнете. Прилично сте оптоварени и не ви е јасно како ќе успеете да се изборите со дадените рокови. Контактот од поранешен партнер ви носи недоумици.

БЛИЗНАЦИ

Деловните партнери и шефовите денес се тешки, но тоа не значи дека крајниот резултат нема да биде поволен за вас. Знаете како да се справите со ситуациите што ви се поставуваат. Емотивно – гледате дека саканата личност се обидува да поправи некои работи во вашиот однос.

РАК

Прилично амбициозно загризавте да ги завршите обврските и брзо ќе сфатите дека ова е преголем залак за вас. Сепак, решавате да не се откажувате, па макар останале и по работното време. Емотивно – денот може да донесе поголемо разбирање со партнерот.

ЛАВ

Денес фрлете се во акција, бидејќи договорите ви се повеќе од добро поставени. Добивате информации што ќе ве израдуваат, а може да се поврзани и со финансискиот сегмент. Со некој што ви се допаѓа, денес можете да остварите подлабок контакт. Емотивно задоволство.

ДЕВИЦА

Иако деловните партнери и денес се доста барани, многу полесно успевате да ги исполните нивните барања и комуникацијата евидентно се подобрува. Со саканата личност правите некои планови и договори. Однапред се радувате на заедничките моменти.

ВАГА

Ви се чини како да не успевате да остварите задоволителна комуникација со другите. Барањата на оние со кои доаѓате во контакт се претерани и пренапорни за вас. Емотивно незадоволство, иако можеби нема вистински причини за такво нешто.

ШКОРПИЈА

Имате чувство дека сите бараат нешто од вас, а вие не знаете на која страна попрво да се свртите. Ќе се обидете да направите дистанца и малку да се тргнете за да успеете да ги завршите редовните обврски. Денес силни желби, но слабо остварување кога е во прашање емотивниот сегмент.

СТРЕЛЕЦ

Еден договор ви дава голема надеж и очекувате дека неговата реализација ќе ја поправи моменталната ситуација. Длабоко сте замислени кога станува збор за поранешен емотивен партнер. Сè ве потсетува на таа личност. Се кршите што да направите.

ЈАРЕЦ

Една понуда денес ќе стигне до вас. Можеби тоа не е она што го посакувавте, но прифатете ја, потребни ви се дополнителни финансиски средства. Претерувате во комуникацијата со саканата личност. Не барајте премногу, имајте разбирање.

ВОДОЛИЈА

Сè уште во претпладневните часови доаѓа до точка на кулминација. Некој друг би се изгубил во овие околности, но вие успевате да се смирите и да направите приоритети. Во емотивниот сегмент – силен контакт со личност преку работа за која сè повеќе размислувате.

РИБИ

Променливо и нестабилно расположение ќе ве држи во текот на поголемиот дел од денот. Ви се чини дека ништо не чини и не функционира како што треба – ниту работата, ниту емоциите. Оптоварени сте и со емотивното минато. Денес постои можност за контакт со оваа личност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Метео извештај: Уживајте во сонцето додека трае, ноќеска се враќаат врнежите

Ужас во Турција: Снег од зграда усмрти 21-годишна девојка, камерата го сними моментот