во ,

Ужас во Турција: Снег од зграда усмрти 21-годишна девојка, камерата го сними моментот

(ВИДЕО) КАМЕРАТА ГО СНИМИ УЖАСОТ: Снег падна од 8-катница и уби девојка – спасувачите за влакно избегнаа смрт

Страшна трагедија го потресе турскиот град Битлис. 21-годишната Ајше Идер го загуби животот откако врз неа се сурна огромна количина снег од покрив на осумкатница, додека мирно одела по улица.

Снегот паднал три пати

Супер Попуст -25%

Безбедносните камери го снимиле морничавиот момент во областа Татван. На снимката се гледа како врз несреќната девојка прво паѓа една лавина снег, а веднаш потоа и втора, која целосно ја затрупува.

Сведоците и случајните минувачи веднаш истрчале да ѝ помогнат и да ја откопаат, но драмата тука не завршила.

Спасувачите за малку ќе загинеле

Додека луѓето се обидувале да дојдат до Ајше, од покривот се сурнала и трета, масивна количина снег. За среќа, минувачите успеале да се тргнат во последната секунда и за влакно избегнале и самите да станат жртви на оваа бизарна несреќа.

Девојката итно била пренесена во државната болница, но и покрај напорите на лекарите, им подлегнала на тешките повреди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 9 јануари: Лавовите ги чека парична добивка, Биковите на удар на минатото

Научниците вчудоневидени: Медузите спијат 8 часа и дремнуваат попладне, а немаат мозок!