во ,

Дошол гостин во кинески ресторан и побарал од келнерот пекиншка патка…

Реклама

Дошол гостин во кинески ресторан и побарал од келнерот пекиншка патка, но пред да ја подготват, да му ја донесат да ја погледне. Кога келнерот ја донел патката, гостинот го ставил својот прст во нејзината „позадина“, го лижнал прстот и рекол:

– Оваа патка била 100 километри од Пекинг, донесете ми друга! Келнерот донел друга патка, но откако гостинот ја анализирал на ист начин, рекол:

– Ова е шангајска патка, ако не ми донесете вистинска, ќе ви напишам жестока критика во весниците.

Кога ја тестирал и третата патка, гостинот рекол:

– Оваа е сосема во ред!

По 15-тина минути, приоѓа истиот келнер и му вели на гостинот:

– Знаете, јас сум сираче, па ако можете да ми помогнете да го определам моето потекло…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Разговараат пријатели за суеверие и еден вели…

Се буди на сред ноќ жената и гледа дека нејзиниот маж не е во креветот…