
Бугарски воен ловец го пресретна летот OS82
Според информациите објавени на специјализираната веб-страница „FlightRadar24“, авионот со ознака OS82 бил веднаш пренасочен кон главниот град на Бугарија каде што слетал во 20:42 часот по средноевропско време. Бугарското Министерство за транспорт и врски информираше дека, согласно строгите безбедносни процедури, бил кренат ловец на бугарските воздухопловни сили кој го пресретнал и го придружувал патничкиот авион сè до неговото безбедно слетување на аеродромот во Софија.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Компанијата „Аустријан ерлајнс“ официјално потврди дека била испратена директна закана до екипажот на летот, што не оставило друг избор освен итно застанување и безбедносна проверка на леталото.

Евакуација на патниците и детална инспекција
Во авионот се наоѓале 51 патник и шест члена на екипажот. Сите биле безбедно евакуирани веднаш по принудното слетување, по што безбедносните служби започнале со темелна проверка на леталото и багажот.
„Веднаш по инцидентот е формирана специјална работна група и истрагата е во тек. Откако ќе заврши целосната инспекција на авионот, сите патници ќе бидат пренасочени кон следниот алтернативен лет за да стигнат на нивната крајна дестинација“, соопштија надлежните бугарски власти.


