во ,

Единствениот официјален градски волшебник во Нов Зеланд е отпуштен по 23 години работа

Новозеландскиот град Крајстчерч го отстрани службениот волшебник од платниот список по 23 години стаж.

Осумдесет и осумгодишниот Јан Бранкебери Ченел заработувал 16.000 новозеландски долари (околу 9.800 евра) годишно за „магија“ и промоција на градот. Сепак, градските татковци одлучија да го раскинат договорот со него наведувајќи дека Крајстчерч оди во помодерна насока.

Крајстчерч е единствениот град што има официјален волшебник од 1982 година, стои на веб-страницата на градскиот совет.

Ченел изјави за локалните медиуми дека повеќе не се вклопува во плановите на градот бидејќи е провокатор.

– Тие се еден куп бирократи и немаат фантазија – изјави тој за новозеландската веб-страница „Стаф“.

Откако почнал да работи како официјален волшебник пред повеќе од две децении, Ченел бил платен околу 368.000 долари.

Според неговата веб-страница, тој има возачка дозвола од Нов Зеланд и наместо име и презиме, пишува „Волшебник“ (The Wizard) и тоа беше една од туристичките атракции во Крајстчерч.

За време на сушата тој повикуваше дожд со различни танцови во Нов Зеланд и Австралија, а во 2009 година беше на списокот со гости за роденденот на британската кралица.

Во 1982 година Здружението на директори на уметничката галерија на Нов Зеланд го прогласи Ченел за живо уметничко дело.

Но, тој беше критикуван поради коментарите упатени кон жените.

– Никогаш не удирај жена бидејќи лесно помодрува – искоментирал тој во една емисија во април.

Роден во Лондон, Ченел студирал социологија и психологија на Универзитетот во Лидс пред да се пресели во Австралија, каде што предавал социологија на Универзитетот во Нов Јужен Велс.

Се преселил во Крајстчерч во раните 70-ти години и станал редовен на градскиот плоштад, каде што зборувал стоејќи на скала, облечен во долга наметка и шилеста шапка.

Полицијата се обидела да го уапси, но тоа ги разбеснило жителите, па било одлучено плоштадот да биде место за одржување говори.

Во 1990 година поранешниот премиер Мајк Мур побарал Ченел да стане официјален волшебник на Нов Зеланд.

Ченел изјави дека ќе продолжи да се појавува во градот и да разговара со луѓето како порано.

– Ќе продолжам, ќе мора да ме убијат за да ме спречат – вели тој.

-20% Попуст

Што мислиш?

27 Поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Богатството на Маск е еднакво на вкупното богатство на милијардерите Бил Гејтс и Ворен Бафет

Куче кое се плаши од мрак научи да користи светилка и со нејзина помош да извршува нужда