
Детали за експлозијата во Санкт Петербург
Според информациите објавени од рускиот информативен портал „Фонтанка.ру“, експлозијата се случила во населбата Шушари, на автопатот Колпинское. Цел на нападот бил автомобил управуван од висок воен офицер. Изворите потврдуваат дека во инцидентот смртно настрадал руски полковник, додека член на неговото семејство кој се наоѓал во истото возило ја преживеал експлозијата, но се здобил со повреди и е хоспитализиран.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Набргу по инцидентот, на социјалните мрежи се појавија и првите видеоснимки и фотографии од запаленото и уништено возило.
Идентичен напад од минатото и молкот на Киев
Овој напад е речиси идентичен на оној кој се случи кон крајот на август во блиската населба Славјанка. Тогаш, на сличен начин загина потполковник од Воено-воздухопловните сили и силите за противвоздушна одбрана, а неговата сопруга преживеа со повреди. Во двата случаи, утврдено е дека експлозивната направа била активирана од далечина.
Иако официјален Киев сè уште не дал никаква изјава ниту презел одговорност за денешната експлозија, познато е дека украинските разузнавачки служби и претходно користеле слични тактики. Од почетокот на руската инвазија, тие во неколку наврати елиминираа високи руски офицери кои се обвинети за воени злосторства, изведувајќи напади длабоко на руска територија.
„Утринава во Санкт Петербург… експлодирал автомобил управуван од воен офицер. Според нивниот извор, во експлозијата загинал полковник. Член на семејството кој бил во возилото со него преживеал, но се здобил со повреди.“


