Жената го праќа мажот да купи кило полжави на пазарот… Меѓутоа, мажот среќава пријател кого долго не го видел, па отишле кај него да се исприкажат малку. Прикажувале, прикажувале, и така поминал цел еден ден…
Човекот тргнува дома и размислува како да се извлече пред жената. На крајот се сетил, ги ставил полжавите пред вратата и ѕвони… Кога жената отворила, мажот вели:
– Ајде, момци, уште малку па стигнавме!