Полицијата во Германија ја истражува чистачката која заработила неколку илјади евра, бидејќи незаконски наплаќала користење на тоалет на посетителите на фестивал во Штутгарт. Измамата ја открила полиција во цивилка.
Чистачката е уапсена на Канстатер Фолкфест во Штутгарт, бидејќи се смета дека илегално се збогатила, пишува „Fenix“.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Полициската управа ја објавила оваа информација на сервисот „X“, некогашен „Twitter“.

Осомничената ја искористила наивноста на туристите кои го посетиле Васен и ги принудувала да плаќаат за користење на тоалетот, иако бил бесплатен. Така заработила неколку илјади евра.
Полицијата во Германија покрај постот објавила и фотографија на која се гледа вреќа полна со монети, но и банкноти, па напишала: „Ова е недозволиво“.
Како што соопштила полицијата, жената е уапсена и над неа се спроведува истрага.







