во , ,

Животни мудрости на Џек Николсон: „Оној момент кога ќе престанете да вложувате во себе – мртви сте“

Еве што кажал холивудскиот шармер за животот, среќата и жените – неговите зборови вечно ќе се паметат.

Холивудските актери отсекогаш важеле за харизматични, шармантни и пред се згодни мажи. Но, доколку мора меѓу сите нив да избереме еден- тогаш тоа би бил Џек Николсон.

Без оглед на неволјите, успеал да ја заджи насмевката на своето лице. Од него многу може да научиме за животот и како да пристапиме на стресот и вистински да уживаме во секој момент.

Реклама

Еве што Џек Николсон има да каже за животот, смртта, работата, совети за младите генерации, но и темата која што секако му е најдрага – жените.

1. Мое мото е – повеќе забава.

2. Мојата религија во суштина е да бидам непосреден, да живеам во сегашниот момент. Тоа е старо клише знам, но е мое клише.

3. Доколку почувствувате некаков нагон во себе, имате изразена интуиција, колку и да е погрешна – следете ја.

4. Кога носам очила за сонце, јас сум Џек Николсон. Кога не ги носам сум дебел старец од 60 години.

5. Ми се допаѓа таа реченица, ја запишав и ја користевме во филмот „Граница“, во која велам: „Само сакам да направам нешто пред да умрам“.

6. Лажете само двајца луѓе во животот: својата девојка и полицијата. На сите останати кажувајте им ја вистината.

7. Оној момент кога ќе престанете да вложувате во себе и да учите нови работи – мртви сте.

8. Живеам во убедување дека публиката и понатаму ме гледа како оној млад перспективен актер.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Запознајте ја најопасната градина на светот, на влезот пишува: „Овие растенија можат да ве убијат…“

Од згодниот актер остана само „сенка“: Вака денес изгледа човекот кој исчезна во деновите на својата најголема слава