Џ. Хенри Фер е фотограф кој живее во Њујорк и Берлин. Таа ја користи фотографијата за да ни покаже колкава штета ѝ правиме на планетата.

-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Хенри патува низ светот и како дел од проектот „Industrial Scars“ (Индустриски лузни) прави уникатни фотографии кои навистина ќе ве натераат да размислувате за загадувањето и нашата животна околина.
Фотографиите на Хенри се направени од птичја перспектива, со помош на мал авион, и ја прикажуваат штетата од индустријализацијата на нов начин.
Од ископување нафта, па сè до уништување на живеалишта, нејзините фотографии ја илустрираат тажната реалност на модерниот свет.
Фотографиите во продолжение биле изложени во Берлин до октомври минатата година, а според веб-сајтот на Хенри, изложбата ја погледнале околу 700.000 посетители:
Траги од багер во близина на рафинерија за алуминиум, Луизијана, САД
Алуминиумот, кој се користи за речиси сè, е најчестиот метал во земјината кора, но никогаш не се наоѓа во слободна состојба. Рафинирањето на металот е комплексен хемиски процес, со лошо влијание на околината. Потребно е големо количество електрична енергија, а самата хемиска реакција испушта многу стакленички гасови и останува големо количество цврст отпад.

На фотографијата се гледа мост кој води до дупката за проверка на бунарот нафта.

Во 2010-та се случи катастрофа поради која над 7 милиони литри нафта завршија во водата во Мексиканскиот залив.

Кога почнуваат подготовките за ископување јаглен, најпрво се иселуваат луѓето кои живеат во областа. Потоа се уништуваат нивните домови, се сечат шумите, па се почнува со копање. На ова место во Германија, јагленот се наоѓа на 40 до 150 метри под земја.

Сулфурот што го содржат разните горива има директно влијание врз нашето здравје, а понекогаш се претвора и во кисел дожд.

За да се произведе свинско месо по прифатлива цена, свињите се чуваат во кафези во големи фарми, каде што има илјадници животни. Една свиња произведува трипати повеќе фекални материи од човекот, а изметот најчесто завршува во околината на фармата.
Погледнете ги останатите фотографии:

-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден








