
Здравко Чолиќ ја објави новата песна „Тамо“, балада која го носи неговиot препознатлив емотивен потпис, но со нов, современ медитерански звук.
Ова е прва соработка на Чолиќ со хитмејкерите Тончи Хуљиќ (музика) и Вјекослава Хуљиќ (текст). Спотот за песната е снимен во Сплит и, како што наведуваат медиумите, ја претвора секоја сцена во разгледница исполнета со емоции и топлина.

