во ,

Зошто носиш телефонска говорница на грб?


Одат двајца луѓе низ пустина. Едниот носи телефонска говорница на грб, а другиот носи наковањ.

– Зошто носиш телефонска говорница на грб ? – го прашува човекот со наковањот човекот со телефонска говорница.

– Па, тоа за во случај да ме нападне лав. – одговара човекот со телефонска говорница – Ако ме нападне лав, јас ќе се скријам во телефонската говорница, и лавот не ќе
може да ме изеде. А, ти зошто носиш наковањ ?

– Па, исто, за во случај да ме нападне лав.

– ???

– Па, ако ме нападне лав, јас ќе го фрлам наковањот, и побргу ќе бегам !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

18 Луѓе кои очигледно не се трудат многу на работа

26 Ретки фотографии кои докажуваат дека нашиот свет е полн со чуда