во

ИЗВЕШТАЈ НА ЦУК: Пет активни пожари ноќеска, три се успешно ставени под контрола.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираше дека до 18 часот на ниво на државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет се сè уште активни, а три се ставени под контрола.

Надлежните служби и противпожарните екипи продолжуваат со интервенциите на терен за справување со огнената стихија која зафати повеќе општини низ државата.

Локации на активните пожари

Супер Попуст -25%

Според извештајот на ЦУК, во моментов активни се пет жаришта на следните локации:

  • На потегот меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во општина Студеничани.
  • Кај месноста викана Видуш во општина Македонски Брод.
  • Кај селото С’лп (м.в. Горно Село) во општина Велес, со проширување кон селото Карабуњиште и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково.
  • Кај селата Копанце и Туденце во општина Јегуновце, со опасност од проширување кон селото Бојане во општина Сарај.
  • Кај селото Ломница во општина Врапчиште.

Пожари ставени под контрола

Добра вест е што благодарение на брзата интервенција на екипите на терен, три пожари се успешно локализирани и ставени под контрола.

Под контрола се пожарите меѓу селата Алданци и Норово во општина Крушево, кај селото Конопница во општина Крива Паланка, како и на потегот меѓу селата Борино и Житоше, исто така во општина Крушево.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СКАНДАЛ ВО МАВРОВО: Туристи во танги се качуваат по потопената црква „Св. Никола“!

ВИДЕО: Запленети над 324 килограми марихуана, разбиена меѓународна криминална група!