во , ,

„Изгледам како чудовиште, мислев дека ќе умрам“ – Кети Прајс (43) непрепознатлива по бројните пластични операции

Супер Маица, Супер Цена

43-годишната Кети Прајс е позната по пластичните операции и естетските зафати – ни самата не помни колкупати ги зголемувала градите, а ботоксот веќе нема ефект на неа. Но, овојпат и самата помислила дека претерала, а во еден миг стравувала и за својот живот.

Пред неколку недели Кети Прајс, која е поранешен модел, направила неколку естетски зафати, а деновиве сподели и фотки, изјавувајќи дека почнала да стравува за својот живот.

Наводно, Кети направила липосукција на целото тело, липосукција на брадата, операција на областа околу очите и лифтинг на устата. Покрај тоа, направила и третман со инјектирање масно ткиво во задникот.

Кога се разбудила од бруталниот зафат, на Кети ѝ кажале дека ќе ѝ треба трансфузија и за британскиот The Sun изјави дека во тој миг помислила: „Што си направив?“


Нејзиниот вереник, пак, Карл Вудс, бил сигурен дека Кети е мртва.

„Искрено, бев до пеколот и назад, беше ужасно. Изгледам како чудовиште од хорор филм. Само си помислив ’Ова е тоа, ќе умрам‘. Се разбудив со дупки и конци по целото тело“, изјави моделот за The Sun.

Кети изгледаше прекрасно додека работеше како модел и вели дека е свесна за тоа.

„Не го допрев лицето сè додека не наполнив 30 години. Сега имам 43 и ќе правам што сакам!“

Поранешниот модел вели дека за време на пандемијата драстично се поправила, а тоа имало влијание врз нејзината самодоверба, па ја натерало да направи уште некоја операција.

Истовремено, годинава треба да прави свадба со вереникот Карл, па вели дека сака да изгледа совршено за посебниот ден.

„Секој ден се гледав во огледало и си мислев ’Боже, сум се запоставила‘. Не можев да трчам и по цел ден само јадев. Сите знаат дека повеќе не изгледам како порано, никогаш не сум била толку дебела!

Сакам луѓето да знаат зошто направив уште операции. Не е бидејќи не сум среќна. Никогаш не сум била посреќна – во прекрасна врска сум. Но, сакам да си го вратам стариот изглед“.

Бидејќи помина скоро цел месец од последните зафати на Кети, таа конечно го покажа и нејзиното ново лице.

Кети вели дека таа е ветеран за пластични операции – има направено три операции за фејслифтинг и многу липосукции. Моделот не е сигурен колку операции на градите има направено и мисли дека се околу 12. Покрај тоа, ботоксот повеќе нема ефект на неа бидејќи го користела премногу уште од 30-тиот роденден.

„Отсекогаш сум била искрена за моите операции и сакав да направам мал документарец за тоа што се случува откако ќе отидете под нож. Секогаш е опасно да бидете под анестезија, не можете да донесете одлука ако нешто тргне на лошо“.

Иако Кети вистински се исплашила за нејзиниот живот од последните операции, вели дека повторно ќе се врати на операциската маса.

„Секако дека повторно ќе направам нешто… можеби за пет до десет години“.

Што мислиш?

15 Поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 Совети и трикови што можат да ви се најдат во незгодни ситуации

30 Пати кога луѓето се соочиле со едни од најлошите возачи и едноставно морале да ги споделат сликите