во ,

Индиски парламентарци заспивале еден по еден на жестоката седница за економијата

Додека во индискиот парламент се одвивала жестока дискусија за економијата, дел од парламентарците не успеале да останат будни.

Долготрајната седница ги исцрпила, па на преносот во живо можело да се види како тие заспиваат еден по еден.

Министерката за финансии, Нирмала Ситaраман, жестоко расправала за состојбата на индиската економија, говорејќи дека секторите како автомобилската индустрија веќе започнале со закрепнување откако таа го објавила првиот буџет. Додала дека, иако растот е бавен, земјата не е во рецесија.

Сепак за нејзините колеги овој говор не бил претерано возбудлив, па некои повеќе пати биле снимени како им паѓа главата и како се борат за да не ги совлада сонот. Еден од нив бил и министерот за развој на вештини – Махендра Нат Панди.

Снимките и фоторафиите од заспаните парламентарци биле вистински хит за корисниците на социјалните мрежи кои ги споредиле “несвесните” политичари со индиската економија.

“Состојбата на нашата економија фатена на камера”, напишал еден од корисниците, а друг ја критикувал опозицијата која повеќе пати повикала на дебата за економијата за потоа да ја напушти седницата кога ваквото прашање дошло на ред.

Што мислиш?

9 поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Двајца работници станале предмет на исмејување: „Глупавиот и поглупавиот од вистинскиот живот“

Тато, кој е попаметен, татковците или синовите?