
Познатата македонска водителка Ирена Спировска, која е голем љубител на планинарењето, го искористи празничниот ден за освојување на нов предизвик. Таа, заедно со неколку ентузијасти, го искачи врвот Плат на Шар Планина, кој се издига на 2.398 метри.
-
Апсана
699 ден
524.25 ден

Плат е највисоката точка на истоимениот гребен и нуди неверојатни пејзажи над долините на реката Пена и Лешничка. За Спировска, ова искачување не е само уште еден планинарски подвиг, туку и начин да ја одржи својата завидна физичка форма.

„На планините на вистината никогаш не се искачувате залудно,“ цитирала Ниче, уште еднаш покажувајќи ја својата страст кон природата и активниот живот. Со ваков стил на живот, Спировска успева да остане здрава и фит, инспирирајќи многумина да го следат нејзиниот пример.


