
Букинг-агенцијата Sure Shotz Entertainment, зад која стои Владимир Блажев-Панчо од ДНК, конечно проговори за ужасната трагедија што се случи во Кочани.
Во нивното прво официјално обраќање, тие не кријат дека се длабоко потресени од загубата на нивните блиски соработници и пријатели.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
„Денови и недели подоцна, сѐ уште не можеме да се помириме со тоа што се случи во Кочани.
Болката и тагата се постојано присутни, а секој кажан збор е излишен за оваа трагедија која не шокираше сите до еден и го донесе најтешкиот период за нас, во овие 20 години постоење на фамилијата Sure Shotz“, се вели во нивното соопштение.
Тие додаваат дека нивните срца се со семејствата и најблиските на оние кои прерано ги напуштиле, споделувајќи ја нивната болка и испраќајќи им сила.
Агенцијата исто така упати порака за брзо закрепнување на сите повредени, изразувајќи надеж дека секој нов ден ќе донесе напредок.
Тие нагласија дека како тим се достапни да помогнат колку што е во нивна моќ, иако се свесни дека ниту еден гест не може целосно да ги залечи раните.
Во продолжение, Sure Shotz Entertainment со голема тага се прости од нивните блиски другари и соработници: Буцо, опишан како нивно „најзлатно дете“ и „братче“, кој секогаш бил тука за нив;
Андреј, наречен „голем човек со уште поголемо срце“, кој бил со нив од почетоците; и членовите на бендот ДНК: Сара, Филип, Цеа, Џоле, Игорче и Ефремов, за кои велат дека им било драго што ги познавале и соработувале.
За крај, агенцијата ја сподели и веста дека Владимир Блажев-Панчо е во стабилна состојба и веруваат во негово успешно закрепнување, уверувајќи го во нивната поддршка.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден








