Готвењето риба дома често се претвора во битка со упорниот мирис кој останува долго по јадењето. Но, со еден едноставен трик, можете значително да го намалите овој проблем и да уживате во вкусот на свежо приготвена риба.
Зошто рибата „мириса“ толку силно?
Пржењето риба ослободува соединенија кои брзо се шират низ воздухот и лесно се „лепат“ за мебелот и текстилот во домот. За многумина, оваа миризба е толку непријатна што претпочитаат да избегнат готвење риба или да ја подготвуваат на отворено.
Трик што ќе ви го олесни животот
Еден од наједноставните и најефикасни начини за намалување на мирисот е употребата на чепкалки за заби. Еве како да го примените:
- Загрејте го маслото во тавата.
- Додадете пет чепкалки за заби во маслото пред да ја ставите рибата.
- Пржете како и обично, повремено заменувајќи ги чепкалките ако пржите поголема количина.
Зошто чепкалките помагаат?
Чепкалките, направени од дрво, апсорбираат дел од соединенијата кои го создаваат непријатниот мирис, а истовремено делуваат како природен неутрализатор.
Совет плус за свеж воздух
- По готвењето, проветрете го просторот.
- Ставете сад со вода, лимон и неколку ливчиња нане на шпоретот и оставете да се вари – ова ќе помогне да го освежите воздухот.
Со овој трик, пржењето риба повеќе нема да биде „опасност“ за свежината во вашиот дом. Време е да уживате во вашиот омилен оброк без грижа за последиците!