во , ,

Како изгледаат и што прават актерите од American Pie 22 години подоцна?

American Pie дефинитивно е најпопуларниот тинејџерски филм и во младоста сигурно сте го изгледале неколкупати.

После успехот на првиот филм од 1999-та, беа снимени уште три продолженија со истите ликови, но и уште пет продолженија со нови главни ликови.

Можеби денес овие филмови би ни изгледале детинесто, па дури и глупаво, но факт е дека во минатото ги гледавме речиси сите.

Реклама

Поминаа веќе 22 години од првиот филм, а во продолжение можете да погледнете како изгледаат и што прават актерите денес:

Џим (Џејсон Бигс)

Џим беше еден од главните ликови и неговата улога ја глумеше Џејсон Бигс. Актерот се појави и во следните три продолженија. Подоцна добиваше улоги во други комедии, како Lucky Loser, но и во популарната серија Orange is the New Black.

Тој е во брак со актерката Џени Молен веќе 12 години, а заедно имаат две деца.

Мишел (Алисон Ханиган)

И Алисон се појави во следните три продолженија на филмот, но јавноста најмногу ја знае по улогата во How I Met Your Mother. Сега актерката работи на филмот Flora & Ulysses, чија премиера е закажана за следната година.

Таа е во брак од 2003-та со колегата Алексис Денисов, со кого има две ќерки.

Надја (Шенон Елизабет)

Шенон се појави во неколку продолженија од American Pie, а настрана од серијалот, најчесто добиваше улоги во филмови како Scary Movie и Jay and Silent Bob. Еден период таа беше одличен покер играч, а во 2001-ва основа организација за заштита на животни.

Од 2016-та таа живее во Кејптаун, каде што ја основа нејзината фондација за заштита на дивиот свет, која е активна и денес.

Кевин (Томас Иан Николас)

Актерот се има појавено во неколку филмови и серии, но сега најмногу се фокусира на музичката кариера.

Во 2008 Томас го издаде неговиот прв албум, а сега работи на седмиот. Една од неговите песни беше дел од саундтракот на American Reunion.

Вики (Тара Рид)

Тара глуми од 6-годишна возраст, па дури да ја добие улогата на Вики се имаше појавено во над 100 реклами и неколку телевизиски серии.

Сега најпрепознатлива е по ужасниот филм Sharknado, кој се претвори во филмски серијал од 6 филмови.

Крис „Оз“ (Крис Клајн)

После American Pie, кариерата на Крис тргна во нагорна линија, но доби и многу лоши критики од изведбата во Rollerball. Засега неговата најпозната улога е во серијата The Flash.

Хедер (Мена Сувари)

Во 1999-та, покрај American Pie, Мена се појави и во култниот American Beauty и стана светски позната. После American Pie, таа имаше улоги во сериите Six Feet Under, како и American Horror Story.

Сега Мена го очекува нејзиното прво дете.

Финч (Еди Каје Томас)

После American Pie, Еди се појави и во серијалот Harold & Kumar, но и во неколку познати серии како American Dad, This is Us и Law & Order.

Џесика (Наташа Лион)

Наташа имаше сериозни проблеми со здравјето кои резултираа со операција на срцето. За среќа, актерката успеа да се врати на нозе и доби улога во познатата серија Orange is the New Black. Покрај тоа, таа е и сценарист и режисер на Russian Doll, каде што ја глуми главната улога.

Стилфер (Шон Вилијам Скот)

Шон го позајмуваше гласот во неколку филмови од серијалот Ice Age, а последната популарна улога му беше во серијата Lethal Weapon.

Ноа – таткото на Џим (Јуџин Леви)

Ликот на Ноа се појави во речиси сите продолженија на American Pie. Јуџин е познат актер со многу искуство, а има работено и како продуцент и сценарист. Актерот има добиено неколку Еми награди.

Џанин – мајката на Стифлер (Џенифер Кулиџ)

Џенифер се има појавено во многу култни комедии, како Legally Blonde, а гостуваше и во серии како Friendѕ и Sex and the City. Актерката го има позајмувано гласот за неколку анимирани филмови и серии, вклучувајќи ги Gravity Falls и Robots.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Фотографии покажуваат што се случува зад камерите и како се одвивало снимањето на некои од најпознатите филмови?

22 Жени кои ја скратиле косата и нивната трансформација изгледа неверојатно