во , ,

Како Каби Ламе стана најпопуларната Тик-Ток ѕвезда без да изговори нути еден збор

Каби Ламе за многу кратко време стана една од најголемите ѕвезди на социјалната мрежа Тик-Ток, а сето тоа благодарејќи на неговите уникатни видеа на кои снима негови реакции на чудни и бескорисни трикови од други корисници на Тик-Ток.

Тој е роден на 9 март 2000 година во Сенегал, но неговото семејство одлучило да се пресели во Италија во 2001 година. Каби пораснал во изнајмен стан кој на неговото семејство им бил доделен од центарот за социјални грижи. Откако завршил средно училиште, почнал да работи во компанија за производство на компјутерска опрема.

Работата ја изгубил во март 2020 година поради коронавирусот, па се одлучил да започне да снима видеа за Тик-Ток.

Славата ја стекна на почетокот на април 2021 година, а неговите видеа се уникатни бидејќи тој не изговара ниту еден збор, односно се “неми”. Неговите видеозаписи многу брзо станаа вирални и денес брои повеќе од 90 милиони следбеници на Тик-Ток, што значи дека е попопуларен од Кајли Џенер, Двејн Џонсон и Вил Смит.

Се смета дека италијанецот би можел да ја надмине и најславната тик токерка Чарли Дамилио, која моментално има 120 милиони корисници. Неговиот успех не помина незабележано, па многубројни компании му нудат соработки.

Иако веќе заработува голема сума на пари, Каби рекол дека сѐ уште нема доволно средства за да ѝ го оствари сонот на својата мајка, односно да ѝ купи куќа.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Капсулата за патување во вселената на Маск има дизајн што гарантира спектакуларен поглед

Овој дечко и праќа на девојката фотошопирани слики секој пат кога ќе праша дали децата се ОК